Во рамки на нашите услуги, вршиме специјализирани инспекции и технички испитувања на возила со посебна намена, согласно највисоките национални и меѓународни стандарди. Овие инспекции се од суштинско значење за безбедно, законски усогласено и квалитетно извршување на транспортни активности со посебни барања.
Нашата лабораторија и стручни тимови располагаат со овластувања и техничка опременост за извршување на инспекции за возила што превезуваат расиплива стока, опасни материи, како и проверка на транспортни цистерни и калибрација на тахографи.
Придобивки
Наша цел е да овозможиме безбеден, квалитетен и еколошки одговорен транспорт, преку навремена и професионална услуга.Со вршење на овие инспекции, клиентите обезбедуваат:
Потврда за техничка исправност и безбедност
Усогласеност со законските прописи
Намалување на ризици од несакани последици
Неспорен пристап до домашниот и меѓународниот пазар
Неколку факти
Нашата најголема вредност е нашиот тим. Располагаме со искусни, лиценцирани и високо обучени стручњаци, кои секојдневно работат на извршување на сите инспекциски, технички и административни услуги со врвно ниво на професионалност и одговорност.
Професионален тим
Нашиот професионален тим, современа опрема и квалитетни услуги секогаш стојат зад вашата безбедност и доверба
Delivery on Time
Законска усогласеност и безбедност во сообраќајот.
Квалитет
Точност и сигурност при извршување на сите технички испитувања и калибрации
#1 Manufacturing Unit
Со секоја извршена инспекција, ја оправдуваме вашата доверба.
Подетално
ATP периодични прегледи
Прегледи на возила што вршат транспорт на расиплива стока под контролирани температурни услови. Ова вклучува храна, фармацевтски производи, вакцини, лекови и друга стока што бара одржување на специфичен температурен режим.
➡️ Се врши проверка на изолацијата, ладилните уреди, контролните системи и ATP сертификатот, согласно важењето и пропишаните стандарди.
ADR прегледи на возила
Прегледи на возила што превезуваат опасни материи, како што се: запаливи течности (горива), хемикалии, отровни и корозивни супстанци.
➡️ Се проверуваат системите за безбедност, специјалната опрема, ADR сертификатите, техничката исправност на возилото и исполнувањето на прописите за транспорт на опасен товар.
Проверка на цистерни за транспорт на опасни материи
Инспекција на цистерни за превоз на опасни течности и гасови, извршена согласно стандардот MKC EN 12972:2018.
➡️ Вклучува проверка на херметичноста, стабилноста, отпорноста на материјалите, безбедносните вентилни системи и контрола на ознаките и сертификатите за транспорт на опасни материи.
Калибрација на аналогни и дигитални тахографи
Извршуваме калибрација, проверка и запишување на податоци за аналогни, дигитални и смарт тахографи, согласно важечките прописи.
➡️ Осигурува дека системите за евиденција на работно време, брзина и километража се технички исправни, калибрирани и законски верификувани, што е задолжително за сите комерцијални транспортни возила.