Одобрување на нови и користени возила при увоз во РСМ
Типски одобрувања на возила за Застапниците на возила
Одобрување на возила ка кои е направена некаква преправка како: клима фолија, кука, LPG/CNG, преправка во кипер, комунално возило, габаритни и масени преправки, конверзии од тип во тип (патничко товарно и обратно), додавање број на седишта, медицински возила, погребални возила, возила за домување, блендирани возила...
Одобрување на земјоделска механизација трактори и тракторски приколки
Одобрување на мобилни машини (ровокопачи, багери т.е. се од возило кое не може да биде патничко ниту товарно возило)
Одобрување на само градби на возила (приколки)
Одобрување на делови и системи за возила
Придобивки од хомологација на возило
Хомологацијата претставува постапка на техничко одобрување со која се потврдува дека возилото, неговите системи, компоненти и посебни уреди се во согласност со пропишаните технички и безбедносни стандарди.
Законска усогласеност
Зголемена безбедност
Можност за регистрација и извоз
Лесно завршување на увозни постапки
Неколку факти
Ние сме горди на довербата што ни ја укажуваат нашите клиенти и партнери. Еве неколку факти што ја потврдуваат нашата посветеност и резултати:
Професионален тим
Нашиот професионален тим, современа опрема и квалитетни услуги секогаш стојат зад вашата безбедност и доверба
Ги Следиме Законите
Законска усогласеност и безбедност во сообраќајот.
Квалитет
Точност и сигурност при извршување на сите технички испитувања и калибрации
#1 Посветеност
Со секоја извршена инспекција, ја оправдуваме вашата доверба.
Подетално
Законска усогласеност
Хомологацијата овозможува возилото целосно да ги исполнува техничките, безбедносните и еколошките барања предвидени со националните и европските регулативи. Со тоа, возилото добива правен основ за регистрација и активно учество во сообраќајот, како и за користење во согласност со сите законски прописи. Ова е задолжителен чекор, особено за увезени возила или возила наменети за јавен или комерцијален превоз.
Зголемена безбедност
Преку детална техничка проверка на сите системи и компоненти — сопирачки, осветлување, суспензија, системи за управување и издувни гасови — се гарантира дека возилото е безбедно за употреба. Со тоа се намалува ризикот од дефекти и сообраќајни несреќи предизвикани од технички неисправни возила.
Можност за регистрација и извоз
Хомологираното возило може непречено да се регистрира и користи не само во земјата, туку и во други држави кои прифаќаат потврди за хомологација согласно европските и меѓународни стандарди. Ова е особено значајно за транспортни компании што вршат меѓународен превоз на стока или патници.
Лесно завршување на увозни постапки
Возилата што се увезуваат од странство мора задолжително да поминат хомологација пред регистрација. Со извршена хомологација, сопствениците и компаниите добиваат поедноставен и побрз административен процес, без дополнителни проверки и одложувања при регистрација и технички преглед.